logo
logo
logo

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина - Трвди КРЕМЉ

Vecer | 06.09.2026

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина - Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

„Американските претставници сериозно се подготвија за овој состанок. Не само што го изразија својот традиционален интерес за што поскоро завршување на борбените дејствија, туку и формулираа цела низа идеи во врска со можните патишта кон постигнување решение“, истакна Ушаков.

Помошникот на рускиот претседател исто така рече дека разговорот бил содржаен, исклучително искрен и доверлив, како и дека се покажал како корисен за двете страни.

„Што се однесува до одржаните разговори, руската страна даде јасни и сеопфатни проценки за ситуацијата што се одвива за време на Специјалната воена операција. Посебно беа истакнати реалните успеси на руската армија во напредувањето во зоната на борбените дејствија“, додаде Ушаков.

Така исто беше нагласена и потребата за отстранување на сите основни причини за судирот. Состанокот траел три часа и десет минути. Ова била осмата посета на Виткоф и Кушнер на Русија.

Трамп во петокот најави дека неговите пратеници ќе претстават предлог за завршување на судирот во Украина, но не откри детали за иницијативата.

Путин во вторникот истакна дека Москва е отворена за дијалог со сите што го сакаат тоа. Рускиот лидер подвлече дека претставниците на Белата куќа се секогаш добредојдени гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk