logo
logo
logo

Пред најтешката зима - ЕУ ПЛЕТЕ ВОЛНЕНИ ЧОРАПИ, бара САД да не ги ограничува испораките за нафта

Vecer | 29.09.2026

Пред најтешката зима - ЕУ ПЛЕТЕ ВОЛНЕНИ ЧОРАПИ, бара САД да не ги ограничува испораките за нафта

Европската комисија побара од Соединетите Американски Држави да не ги ограничуваат испораките на дизел-гориво за Европа, изјави европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, во пресрет на неформалниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ во Даблин.

– Испратив до мојот американски колега, но и до пошироката јавност, многу јасна порака дека отсуството на слободен проток на енергенси во овој тежок момент не би било добро ниту за нас, ниту за нив, изјави Јоргенсен, одговарајќи на прашањето за можната американска забрана за извоз на дизел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека Вашингтон „сериозно разматра“ воведување забрана за извоз на ова гориво поради наголемените цени на американскиот пазар.

Цените уриваат рекорди – се заканува најтешката зима

Ситуацијата на европскиот пазар е повеќе од алармантна. Јоргенсен претходно предупреди дека на Европската Унија ѝ се заканува најтешката зима уште од 2022 година, главно поради исклучително високите цени на дизел-горивото.

Цените на овој енергенс во ЕУ во последните недели бележат вртоглав раст и уриваат рекорди, со скок од дури 40 отсто, што дополнително ги зголемува притисоците врз економијата и граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk