ОВА НЕ ГО ПАМЕТИМЕ ОД 1981! Големи редици за гласање на изборите во Израел

Vecer | 27.10.2026

ОВА НЕ ГО ПАМЕТИМЕ ОД 1981! Големи редици за гласање на изборите во Израел

Израел е во тотална опсада од сопствените граѓани на денот на судбоносните парламентарни избори, откако Централната изборна комисија соопшти за невидена, рекордни излезеност каква што не е забележана уште од далечната 1981 година!

До 10 часот наутро по локално време гласале дури 16,68 отсто од запишаните избирачи, што ги надмина сите историски прогнози. Очевидци од Тел Авив и претежно арапскиот град Тајибе известуваат за огромни, речиси километарски редици пред гласачките места каде граѓаните со часови чекаат да го остварат своето право на глас.

Драматичноста на овие избори ја потврдува и шокантниот податок дека дури 70.000 Израелци од дијаспората итно се вратиле во својата татковина исклучиво за да гласаат, бидејќи израелските закони строго забрануваат гласање од странство. Овој масовен прилив на гласачи од целиот свет ја претвори земјата во вистинско политичко бојно поле.

Актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше во Ерусалим заедно со сопругата Сара, упатувајќи итен драматичен апел до јавноста веднаш да излезе на гласање. Неговиот главен ривал, поранешниот началник на Генералштабот на армијата Гади Ајзенкот кој ја предводи центристичката партија „Јашар“, исто така упати жешка порака порачувајќи дека низ цел Израел веќе дува силен ветер на промени.

Последните анкети најавуваат брутално израмнета битка меѓу блокот на Нетанјаху и неговите жестоки политички противници, поради што овие избори се сметаат за клучна пресвртница за идната социјална и внатрешно-политичка насока на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk