Според извори запознаени со преговорите, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им наложил на своите преговарачи да постигнат договор со Соединетите Американски Држави, за прв пат од почетокот на конфликтот, што довело до двонеделен прекин на огнот и повторно отворање на Ормутскиот теснец, објави „Аксиос“.
Како што е наведено, додека американскиот претседател Доналд Трамп јавно се заканувал со целосно уништување на Иран, зад сцената се водеше интензивна дипломатска активност.
Американските и израелските сили беа подготвени за масовна кампања на бомбардирање против иранската инфраструктура, додека медијаторите од Пакистан, Египет и Турција ги координираа промените во предлогот на Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата