Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан, го повтори противењето на Израел на распоредувањето на турски војници како дел од мултинационалните сили во Газа, кои треба да ја преземат контролата од израелските ИДФ.
„Турската чизма нема да стапне на наша почва“, изјави таа за новинарите, објави „Тајмс оф Израел“.
Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната бара Меѓународните сили за стабилизација постепено да ја преземат контролата врз безбедноста во Газа.
Овие сили сè уште не се формирани, а многу земји бараат овие сили да биде овластени од Советот за безбедност на Обединетите нации.
Запрашан претходно овој месец да коментира за израелските приговори на турските сили во Газа, американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, рече дека земјата ќе учествува во меѓународните сили.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, минатиот месец изјави дека Анкара ќе игра „конструктивна улога“, но дека Вашингтон нема да му наметнува ништо на Израел, кога станува збор за странски трупи на нивна почва, потсети „Тајмс оф Израел“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата