logo
logo
logo

(Видео) ИСТАНБУЛ ПОД ВОДА - Катастрофални поплави го погодија градот, има загинати

Vecer | 15.10.2026

(Видео) ИСТАНБУЛ ПОД ВОДА - Катастрофални поплави го погодија градот, има загинати

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Истанбул, при што 14-годишно момче загина откако го удрила струја во надојдената вода. Во градот со околу 16 милиони жители, регистрирани се повеќе од 1.200 поплави, 15 лизгања на земјиштето и десетици случаи каде што луѓето биле заглавени поради надојдената вода, објави АП.

Момчето, кое било идентификувано со иницијалите М.И., починало откако стапнало во голем вир со вода во паркот Чукурбостан, во истанбулската населба Балат, која се наоѓа во населбата Фатих. Според информациите од канцеларијата на гувернерот на Истанбул, момчето било однесено во болница, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот.

Катастрофалните дождови предизвикаа хаос низ градот, а службите за итни случаи примиле вкупно 2.518 повици поврзани со времето.

Регистрирани се 1.277 поплави, 15 лизгања на земјиштето и 47 случаи каде што луѓето беа заглавени поради вода. Исто така, беа пријавени 13 паднати дрвја и два оштетени покриви.

Според достапните податоци, бурата погоди 808 станбени згради, 280 деловни простории и 76 возила.

Медиумите известуваа за поплавени куќи, продавници, патишта и подвозници, додека бројни возила останале заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачите спасиле жена која ја носел поројот по улицата, а пожарникарите извлекле лице заробено во поплавен подрум.

Снимките од една од населбите во Истанбул, исто така, покажуваат автомобили кои водата ги помести од паркингот.

Поради сериозноста на ситуацијата, во регионалниот директорат на Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) беше формиран центар за координација на кризи.

На терен беа ангажирани околу 8.000 членови на разни служби, со поддршка на 2.000 возила и градежни машини. Екипи од AФАД, градската администрација на Истанбул и општинските служби учествуваа во акциите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk