logo
logo
logo

Нова украинска тактика: Губат на терен и вршат напади врз цивили. УДАР ВО АВТОБУС, 11 ЗАГИНАТИ

Vecer | 03.06.2026

Нова украинска тактика: Губат на терен и вршат напади врз цивили. УДАР ВО АВТОБУС, 11 ЗАГИНАТИ

Украинците секоја недела губат територија, по неколку населени места, и имаат проблеми со антиракетно вооружување по одлуката на САД да не испраќа ракети и системи Патриот во Украина поради потрошени голем дел од нив во нападите врз Иран.

Исто така украинската власт се соочува со крупни корупциски скандали кои се пронаједни во најблискиот круг на претседателот Зеленски што дополнително го поткопува неговиот авторитет и доверба од јавноста.

Во такви околности Украина реши да напаѓа и уништува цивили, граѓани на руската страна од фронтот, за да се предизвика страв и немир а кај сопствената јавност да се пласирата вести за ефективна одмазда за да се смират тензиите по корупциските афери.

На 22 мај 2026 година, Украина со 16 дронови удри во ученички дом во Старобилск (Луганск) додека децата биле на спиење. Во нападот загинаа 21 лице (најмногу млади луѓе и студенти, меѓу кои и малолетници), а над 40 други беа повредени.

Вчера се случи нов украински удар со масовни цивилни жртви. Погоден е автобус во местото Јанакиево кој се движел кон Крим на редовна авотобуска линија Москва-Симферопол. Руските власти соопштија дека има најмалку 11 загинати о повеќе од 20 значително повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk