logo
logo
logo

ЛАДЕН ТУШ ЗА КИЕВ - Европа донесе одлука која менува сè на фронтот

Vecer | 11.08.2026

ЛАДЕН ТУШ ЗА КИЕВ - Европа донесе одлука која менува сè на фронтот

Киев очајно се обидува да обезбеди дополнителни системи за противвоздушна одбрана пред настапувањето на зимата, но европските земји, а посебно оние кои се граничат со Русија, одбиваат дополнително да ја ослабат сопствената одбрана. Државите од ЕУ што се наоѓаат во близина на руските граници сè поретко се одлучуваат да му испорачаат на Киeв овие системи и придружните ракети-пресретнувачи, едноставно затоа што и самите немаат доволно капацитети за заштита на сопствената територија.

Украинските власти во меѓувреме бараат договор со Шпанија и Грција, но ниту овие земји не брзаат да ги предадат своите последни резерви. Колку е чувствителна оваа тема покажува и примерот со Полска, каде што дури и симболичната испорака на само пет ракети предизвика вистински политички скандал. Најголемиот европски донатор, Германија, веќе трипати префрлаше вакви системи во Украина, па Берлин сега се соочува со исполнување на сопствените критични минимуми на залихи.

Поради ова, Берлин сега врши притисок врз останатите сојузници во ЕУ да ги отворат своите арсенали, но успехот на сите преговори главно зависи од ставот на САД. Неименуван дипломат истакнува дека Вашингтон би можел значително да ја олесни ситуацијата и да помогне, но засега одбива да преземе таков чекор, што дополнително ја комплицира позицијата на сите останати европски држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk