За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите.
Во соопштението се наведува дека тинејџерот бил повреден на 30 септември во Тур за време на блокадата на средното училиште и дека ја изгубил функцијата на десното око, јавува телевизијата BFM.
Катрин Сорита-Минар изјави дека тинејџерот сè уште е на болничко лекување и дека бил испрашуван од Генералниот инспекторат на Националната полиција ж, додека истрагата продолжува.
Според префектурата Ендр-ет-Лоара, малолетник бил згрижен во среда кога биле нападнати полицајци, кои интервенирале со пожарникарите за да изгаснат неколку пожари во Тур.
Од минатата недела низ цела Франција се одржуваат протести со блокирање на средните училишта, поради барањата за намалување на пренатрупаноста и подобрување на условите за настава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата