logo
logo
logo

СЕ ОТВОРААТ ТАЈНИТЕ ДОСИЕЈА ЗА 11 Септември? Трамп ќе го разгледа барањето на семејствата

Vecer | 14.09.2026

СЕ ОТВОРААТ ТАЈНИТЕ ДОСИЕЈА ЗА 11 Септември? Трамп ќе го разгледа барањето на семејствата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека ќе го разгледа барањето на семејствата на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година за објавување на повеќе документи за тој настан и за тоа дали извршителите имале врски со Саудиска Арабија.

„Ќе се позанимавам со тоа кога ќе се вратам“, им рече Трамп на новинарите во Ирска пред да се вкрца во авионот за враќање во Соединетите Американски Држави, пренесе АП.

Семејствата на жртвите од нападите на 11 септември веќе подолго време бараат симнување на ознаката за тајност од дополнителни документи поврзани со тие настани. Демократски и републикански пратеници од Њујорк ја повикаа администрацијата на Трамп да објават одредени телефонски записи што се однесуваат на нападите врз двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон, за кои е обвинета терористичката мрежа Ал Каеда.

Градските власти на Њујорк неодамна објавија околу 170.000 нови страници документи што се однесуваат на квалитетот на воздухот непосредно по нападите, здравствените проблеми поврзани со тоа, како и на реакцијата на градот на нападите.

Терористите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година во САД отече четири патнички авиони, со кои потоа удрија во двете згради на Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон, додека еден од отелните авиони се сруши на поле во близина на Шанксвил во Пенсилванија.

Ударите доведоа до рушење на кулите близначки на Светскиот трговски центар, кои беа симболи на економската моќ на САД и меѓу највисоките згради во светот, и го оштетија зданието на Пентагон, утврденото седиште на американската војска во близина на Вашингтон.

Се проценува дека во нападите на 11 септември загинале околу 3.000 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk