logo
logo
logo

ИРАН КАКО ПОБЕДНИК ги поставува условите за решение на конфликтот, велат од Техеран

Vecer | 17.05.2026

ИРАН КАКО ПОБЕДНИК ги поставува условите за решение на конфликтот, велат од Техеран

Иран, како победничка страна во конфликтот со Израел и Соединетите Американски Држави, ги одредува условите за идното решавање на конфликтот, порача Мохамед Салех Џокар, претседател на Одборот за внатрешни работи на иранскиот парламент, наведувајќи дека планот од 10 точки е „црвена линија“ за Исламската Република.

„Условите ги одредува земјата која победила на бојното поле, а не владата на земјата која пропаднала, која не успеала да ги оствари своите цели и донела само уништување. Затоа, Американците мора да ги прифатат нашите услови“, рече Џокар во интервју за новинската агенција „Мехр“.

Џокар додаде дека иранските услови од 10 точки се „црвена линија за какви било преговори“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk