logo
logo
logo

Вознемирувачко ВИДЕО - ВОЗ УДРИ ВО КАМИОН ОД БОСНА - Оштетен и патнички автомобил

Vecer | 04.09.2026

Вознемирувачко ВИДЕО - ВОЗ УДРИ ВО КАМИОН ОД БОСНА - Оштетен и патнички автомобил

Страшна несреќа се случи вчера во Полска, кога патнички воз удрил во камион од Босна и Херцеговина на премин во населбата Гдањск-Липце, објави Ал Џазира.

Снимките од надзорните камери ја открија вистинската големина на штетата откако возот буквално ја разнесе приколката на камионот што беше заглавена на пругата.

Драматични снимки, објавени од Државната противпожарна служба на Гдањск, покажуваат целосно уништен камион и оштетен патнички автомобил што застанал недалеку од станицата Гдањск-Липце.

За среќа само четворица луѓе се полесно повредени.

Противпожарната служба објави дека добила извештај за судирот околу 12:30 часот.

„Околу 300 луѓе патувале со возот помеѓу Гдиња и Зјелона Гора. Патниците го напуштиле возот сами, безбедно. На местото на настанот, екипата за итна медицинска помош прегледала четири лица – возачот на камионот, кондуктерот и двајца патници. На крајот, возачот на камионот бил пренесен во болница“, изјавија полските пожарникари.

Поради овој сериозен сообраќаен инцидент, железничкиот сообраќај во областа на несреќата беше целосно прекинат. За патниците од возот е организирана алтернативна автобуска линија до блискиот град Тчев.

Полските државни железници одлучија да ги објават снимките од несреќата од надзорните камери како сериозно предупредување до сите возачи. Тие апелираа до учесниците во сообраќајот, доколку се најдат во таква опасна по живот ситуација и останат заглавени меѓу спуштени рампи, никогаш да не го чекаат возот.

„Притиснете на гаста, пробијте ја рампата и веднаш напуштете го преминот“, порачаа од полските железници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk