logo
logo
logo

ЕУ се подготвува за можен недостиг на авиогориво: Брисел подготвува итни мерки

Vecer | 20.04.2026

ЕУ се подготвува за можен недостиг на авиогориво: Брисел подготвува итни мерки

Приближно 40 отсто од авионското гориво што го користи Европската Унија доаѓа од увоз, а половина од тие количини поминуваат низ Ормускиот Теснец.

Европската комисија планира во среда да претстави предлог врз основа на кој веќе во мај би можеле да бидат активирани мерки за ублажување на ризикот од нарушувања во снабдувањето со авионско гориво, се наведува во нацрт-документот во кој увид имал „Блумберг“.

Брисел планира и насоки кои би овозможиле пофлексибилна примена на постојните правила, вклучувајќи регулација на аеродромските слотови и постапување во случај на откажување летови поради недостиг на гориво.

Предвидени се и мерки кои се однесуваат на практиката на дополнително точење гориво на појдовните аеродроми, со цел да се избегнат повисоки цени на дојдовните дестинации.

Ако тоа не биде доволно, Комисијата разгледува и ревизија на нафтените резерви ширум Европската Унија, воспоставување систем за следење на снабдувањето со гориво, како и мерки за максимално користење на рафинериските капацитети и зајакнување на домашното производство на напредни биогорива.

Планот вклучува и поширока стратегија за намалување на ранливоста на ЕУ на идни енергетски шокови, со дополнителен фокус на електрификација на економијата и намалување на зависноста од увоз на фосилни горива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk