logo
logo
logo

ЗАГУБА ОД 646 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Дали е загрозена империјата на Илон Маск?

Vecer | 03.08.2026

ЗАГУБА ОД 646 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Дали е загрозена империјата на Илон Маск?

Илон Маск, сопственикот на компаниите Тесла и СпејсИкс, за само шест недели остана без дури 646 милијарди долари од своето лично богатство, покажува најновиот индекс на милијардери на Блумберг. Иако станува збор за еден од најголемите падови на вредноста што некогаш се забележани, Маск и понатаму е убедливо најбогатиот човек на светот.

Според податоците на Блумберг, богатството на Маск достигна историски максимум од околу 1,33 трилиони долари во средината на јуни. Денес, неговата нето-атива е проценета на 684 милијарди долари, што претставува пад од речиси 50 проценти. Главната причина за ваквиот пресврт е наглиот пад на цената на акциите на компанијата СпејсИкс. По силниот раст по првичната јавна понуда во средината на јуни, акциите изгубија речиси половина од својата вредност во однос на достигнатиот максимум.

Бидејќи Илон Маск поседува околу 40 проценти од удел во СпејсИкс, секоја поголема промена во вредноста на акциите директно се одразува и врз проценката на неговото лично богатство. Сепак, стручњаците истакнуваат дека станува збор пред сè за таканаречен „загуба на хартија“, односно сметководствено намалување на вредноста на имотот, а не за пари што наистина исчезнале од неговите сметки.

И покрај огромниот пад, Маск останува далеку пред конкуренцијата. Неговото проценето богатство и понатаму е поголемо од богатството на Лари Пејџ, еден од основачите на Гугл, како и од Џеф Безос, основачот на Амазон, кои ги заземаат второто и третото место на листата на Блумберг. Меѓу десетте најбогати луѓе во светот и понатаму доминираат технолошките милијардери. На листата се наоѓаат и основачот на Мета, Марк Закерберг, како и Џенсен Хуанг, соосновач и извршен директор на компанијата Нвидија, чиј подем во последните години е тесно поврзан со експлозивниот развој на вештачката интелигенција.

Иако вредноста на богатството на Маск за кратко време драматично се намали, разликата во однос на останатите милијардери и понатаму е толку голема што неговата позиција на самиот врв на светската листа на најбогати луѓе за сега не е доведена во прашање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk