logo
logo
logo

ЕВРОПА ОТВОРА НОВ ФРОНТ ВО МИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА Данска најави центри за враќање надвор од ЕУ

Vecer | 05.09.2026

ЕВРОПА ОТВОРА НОВ ФРОНТ ВО МИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА Данска најави центри за враќање надвор од ЕУ

Данска очекува во текот на 2027 година да може да ги префрли првите лица без законски престој во центар за враќање во земја надвор од Европската Унија, најави данскиот министер за имиграција и интеграција Мортен Бедсков.

На состанокот во Копенхаген, Данска, Германија, Австрија, Холандија и Грција се договорија за основните принципи според кои би функционирале ваквите центри.

– Од данска перспектива, очекуваме во текот на 2027 година да бидеме подготвени да ги испратиме првите лица без законски престој во партнерска земја надвор од ЕУ – изјави Бедсков.

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добриндт, пак, очекува договор со партнерска земја надвор од ЕУ да биде постигнат до крајот на оваа година. Тој состанокот во данската престолнина го опиша како исклучително важен.

– Сакаме да постигнеме договор со трети земји пред крајот на оваа година, што потоа ќе овозможи воспоставување центри за враќање – рече Добриндт.

Центрите би биле наменети за лица кои имаат конечна одлука за враќање, но поради различни причини не можат веднаш да бидат вратени во земјите на потекло. Меѓу можните причини е и одбивањето на нивната матична земја да ги прими назад.

Данска, Германија, Австрија, Холандија и Грција веќе извесно време работат на воспоставување ваков модел надвор од територијата на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk