ЕВАКУИРАНИ 50.000 ЛУЃЕ - Можна е експлозија во огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија

Vecer | 25.05.2026

ЕВАКУИРАНИ 50.000 ЛУЃЕ - Можна е експлозија во огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Спасувачките екипи во Јужна Калифорнија водат итна битка за да спречат експлозија или масовно истекување од прегреан резервоар со 26.500 галони од токсичната хемикалија метил метакрилат (ММА). Поради пукнатина на резервоарот во фабриката „GKN Aerospace“ во Гарден Гроув, гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба, а околу 50.000 жители од округот Оринџ беа принудно евакуирани. Доколку хемикалијата истече во воздухот и земјата, таа може да предизвика сериозни респираторни проблеми и иритација на кожата и очите кај населението.

Кризата започна откако откажаа сигурносниот вентил и системот за ладење на фабричкиот резервоар, по што температурата внатре неконтролирано се искачи над 100 степени Целзиусови, додека идеалната изнесува околу 10 степени. Експертите по хемија објаснуваат дека прегревањето на оваа супстанца предизвикува опасна верижна реакција која самата создава дополнителна топлина. Во моментов, речиси 800 пожарникари, токсиколози и тимови за опасни материјали деноноќно го ладат објектот за да ја стабилизираат и стврднат хемикалијата, со цел да се намали притисокот и постепено да се вратат жителите во нивните домови.

A large chemical tank at GKN Aerospace in Garden Grove is overheating and leaking toxic methyl methacrylate.

The 34,000-gallon tank holds about 7,000 gallons of highly flammable and toxic MMA used in plastics.

Officials warn the tank will either rupture and spill thousands of… pic.twitter.com/JZicpyvjAq

— K 4 V 3 (@theK4V3) May 25, 2026

Иако Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) очекува сценарио со минимално истекување кое лесно ќе се неутрализира, локалната заедница е во голем престрах. Додека надлежните уверуваат дека квалитетот на воздухот сè уште е во безбедни граници, компанијата „GKN“ упати јавно извинување до граѓаните за настанатиот хаос. Меѓутоа, револтот кај населението веќе евидентно расте, па дел од евакуираните жители веќе поднесоа и први тужби против компанијата поради небрежно ракување и складирање на опасни материи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk