Висок влог, беше краткиот коментар на Доналд Трамп пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, која беше историска по самиот факт што се случи. Пречекан со највисоки државни почести рускиот претседател Путин дојде во САД и по состанокот со американскиот претседател Тамп постигнаа договор по сите теми освен, според Трамп, “по една или две за кои се уште нема заеднички став“ без да каже кои се тие.
“Ако гледаме на скалата од 1 до 10, состанокот го оценувам - со 10“, изјави Трамп. Очигледно, времето за подготовка и разговор на тој состанок не е потрошени залудно. Путин и Русија се вратени на големата политичка сцена и излезени од дипломатска изолација, а САД и Трамп се потврдија како врвен политички факор за решавање на глобалните проблеми и сила чиј збор се цени и почитува.

Инаку, пред средбата со Путин на Аљаска, Трамп повеќе пати изјави дека таа средба не е за конечен договор туку прва во низата и ако не тргнат работите како што треба дека тој тоа веднаш ќе и го соопшти на јавнста. Но, тоа не се случи, Трамп изјави дека средбата била “За десетка и тоа бил голем ден за Аљаска“
Да, состанокот завршил со низа начелни договори од политички, до економски, иневстициски и стратешки кои во наредниот период ќе бидат спроведувани, а Евроспката унија падна уште пониско во скалата на важност и во дипломатијата и во економската моќ. Практично, ЕУ никој за ништо не ја прашува и не ја смета за сериозна светска сила.

Според изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин пропадна планот на ЕУ, Велика Британија и Украина да се прогласи примирје а, потоа, да се разговара за условите за мир. Договорено е спротивното - нема примирје, ќе се води веднаш на преговори за траен мир и тоа е силен удар врз левичарите кои се власт во Брисел и воената индустрија на ЕУ која од војната во Украина очекуваше САД да ги брани и преземе обврски за дипломатски и воени решенија, а тие да соберат политички бенефит и профит за своите воени фабрики.
ЕУ и Велика Британија објавија заедничко соопштение кое не е на линија на заклучокот на американскиот перстедател Трамп.
Во изјавата се наведува дека Киев мора да донесе свои одлуки во врска со својата територија, но и дека ќе помогне во подготовката за трилатерален самит Русија-САД-Украина.

Изјава на лидерите на ЕУ и Обединетото Кралство по точки:
- Европските лидери нагласија дека Украина треба да добие „челични безбедносни гаранции“.
- Во заедничкиот документ се нагласува дека Киев мора да донесе свои одлуки во врска со својата територија.
- Лидери на ЕУ изјавија дека се подготвени да соработуваат со Трамп и Зеленски за подготовка за трилатерален самит Русија-САД-Украина со европска поддршка.
- Европските престолнини ги поздравија напорите на Доналд Трамп да го запре крвопролевањето во Украина и да постигне „праведен мир“.
- Во исто време, во изјавата се нагласува дека ЕУ и Велика Британија исклучуваат какви било ограничувања за снабдување со оружје на Украина, како и откажување од интеграцијата на Киев во ЕУ и НАТО.
- ЕУ ќе продолжи да го зголемува притисокот со санкции врз Русија, потврдија заклучоците на европските лидери.
Но, извесно е дека нивните заклучоци се вербални закани за кои ЕУ и Британија немаат ниту ресурси ниту сила да ги спроведат сами, без САД. А во Вашингтон мислат понаку.
Зборувајќи за резултатите од средбата со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп нагласи дека Русија има значаен нуклеарен потенцијал, што мора да се земе предвид.
„Тие исто така имаат големо нуклеарно присуство. Тоа треба да се почитува“, рече американскиот лидер.
Трамп оцени дека Русија е „моќна земја“, за разлика од Украина, и го советуваше Киев да постигне договор со Москва. „Направете го тоа. Направете договор. Ние треба да направиме договор. Русија е многу моќна сила, а тие (Украина) не се“, рече Трамп во интервју.
Сега останува ЕУ, Британија и Украина да се прилагодат, а Зеленски во понеделник е повикан во Вашингтон да му се каже што треба следно да преземе. Ако одбие, може веќе себе да се смета за бивш претседател на Украина.
„Сега навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа, а би рекол и дека европските земји треба МАЛКУ да се вклучат, но тоа зависи од претседателот Зеленски. И ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп.
Доналд Трамп, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го посети Вашингтон во понеделник попладне.
- Ако сè оди добро, ќе закажеме средба со претседателот Путин - напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Како што најави, средбата ќе се одржи во Овалната соба на Белата куќа. Тој додаде дека најдобриот начин да се стави крај на „страшната војна“ во Украина е да се постигне мировен договор, а не привремено прекин на огнот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Путин, во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на земјите од НАТО, го изрази својот став дека „брз мировен договор е подобар од прекин на огнот“, објави порталот „Аксиос“.
Претходно, „Ројтерс“, повикувајќи се на Белата куќа, објави дека Трамп, по долг разговор со Зеленски, контактирал и со лидерите на НАТО по телефон.
„Мислам дека брз мировен договор е подобар од прекин на огнот“, го цитираше извор американскиот претседател за време на разговорот.
Рускиот претседател Владимир Путин верува дека дијалогот меѓу шефовите на држави на Русија и САД е созреан, беше потребно да се премине на дијалог, да се оттргнеме од конфронтација.
- Сакам да верувам дека разбирањето што го воспоставивме ќе го отвори патот кон мир во Украина, сметаме дека Киев нема да создава пречки за напредок во решението што се наѕира - рече Путин.
Русија е искрено заинтересирана да се стави крај на украинскиот конфликт, истакна тој.
- Сегашната ситуација во Украина е трагедија и голема болка за Русија. Денешните договори треба да бидат основа не само за украинското решение, туку и за воспоставување односи со САД, вклучително и деловни, нагласи рускиот претседател.
Практично, се остварува планот на Кисинџер - Русија да се поддржи и тргне од зависност од Кина кој е најголема економска и стратешка закана за САД, а Трамп и Путин не се луѓе и моќ, авторитет, интереси и чија сила на договореното може да се игнорира.
Во ЕУ, Британија и Украина секако го знаат тоа и веќе во наредните неколку недели и месеци или ќе мора да ја платат цената на отпорот, Зеленски со смена, прогон или нешто уште полошо а ЕУ со понатамошен економска и дипломатска пропаст на европската империјата која, сепак, ја создаде Америка токму за да спречи идни војни на Германија со било кого наоколу.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата