logo
logo
logo

(Видео) ГОРИ КИЕВ! - Страшен ракетен напад врз украинската престолнина

Vecer | 20.08.2026

(Видео) ГОРИ КИЕВ! - Страшен ракетен напад врз украинската престолнина

Во текот на изминатата ноќ, Кијев и околниот регион беа мета на масовен руски ракетен напад во кој загинаа најмалку пет лица, а над 23 се повредени. Според Државната служба за вонредни ситуации, четири лица ги загубија животите во самиот град, додека уште еден маж загина во Броварскиот округ.

Најдраматична е ситуацијата во Соломјанскиот реон, каде што ракета директно ги разнесе осмиот и деветтиот кат од една деветкатница, по што избувна голем пожар. Луѓе останаа заглавени во оштетените објекти и во склоништето на едно училиште, а спасувачките екипи непрекинато трагаат под урнатините.

Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека за време на нападот е оштетена и детска болница, каде што ги скршило прозорците, а во близина гореле паркирани автомобили. Погодени се и повеќе индустриски објекти, магацини и приватни куќи низ неколку градски населби.

Поради силното гранатирање и оштетувањата на електричната мрежа, илјадници домаќинства и објекти во Кијевската област останаа без струја во текот на ноќта.

Овој сокрушувачки напад доаѓа во период кога Кијев речиси секојдневно е под жестоки ноќни удари, додека Украина истовремено возвраќа со напади со беспилотни летала и ракети на руска територија. Ескалацијата на судирите продолжува и покрај сè погласните иницијативи двете страни повторно да се седнат на преговарачка маса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk