(ВИДЕО) ИТАЛИЈА НА НОЗЕ: Масовни протести и генерален штрајк против поскапувањата – страв од нови немири

Vecer | 30.10.2026

(ВИДЕО) ИТАЛИЈА НА НОЗЕ: Масовни протести и генерален штрајк против поскапувањата – страв од нови немири

Десетици италијански градови денеска се опфатени со генерален штрајк и протести против растот на животните трошоци и зголемувањето на воените расходи во Европа. Во протестите, организирани од независниот синдикат УСБ под мотото „Да изгасиме сè“, учествуваат работници, студенти, пензионери, активисти за правото на домување и пристанишни работници.

Италијанските власти ја следат состојбата со засилено внимание по неодамнешните насилни инциденти во Милано. Министерството за внатрешни работи стравува дека насилни групи би можеле да се приклучат на протестните поворки и да предизвикаат нереди што би можеле да продолжат во текот на викендот.

Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедози оцени дека ситуацијата е проблематична и најави засилени полициски контроли и превентивни приведувања согласно со новата уредба за безбедност. Сообраќајните услуги во земјата функционираат само делумно.

The anti-war general strike across Italy has begun. Local sources report hundreds of thousands of protestors have filled the streets, blockading ports, train stations, & roads. Police have already begun attacking protestors with water cannons. https://t.co/9Lik4ew2JK

— defend the field (@DefendtheFieldx) October 30, 2026

Во Рим, поворката тргна од железничката станица Термини кон Царските форуми, а се очекува учество на најмалку 20.000 луѓе. Засилени безбедносни мерки се воведени долж маршрутата, која минува низ историскиот центар и во близина на владини објекти и Колосеумот.

Во Милано се одржуваат две протестни поворки – едната организирана од студенти, а другата од синдикати и пропалестински активисти. Се очекува тие да се спојат на улицата Корсо Буенос Аирес и да продолжат кон периферијата на градот, каде што на 17 и 18 октомври имаше немири. Властите стравуваат од обиди за блокирање на сообраќајниците.

Протести се одржуваат и во Торино, Болоња и Неапол. Во Џенова, пристанишните работници рано утринава блокираа дел од пристаништето со гуми и чадни бомби, повикувајќи ги колегите од цела Италија да им се приклучат со пораката дека не сакаат да работат за војна. Стотици демонстранти се собраа и пред влезот на пристаништето во Трст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk