logo
logo
logo

(ВИДЕО) СТРАШНО ТОРНАДО ПОГОДИ ДЕЛОВИ ОД ФРАНЦИЈА - Десетици повредени и огромна материјална штета

Vecer | 25.08.2026

(ВИДЕО) СТРАШНО ТОРНАДО ПОГОДИ ДЕЛОВИ ОД ФРАНЦИЈА - Десетици повредени и огромна материјална штета

Снажно торнадо го погоди југозападниот дел на Франција во понеделникот (24 август), оставајќи зад себе најмалку 41 повредено лице и стотици оштетени домови, соопштија локалните власти, пренесува „Le Monde“.

Невремето предизвика масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија и сообраќаен колапс низ целиот регион. Француската метеоролошка служба претходно имаше издадено портокалов аларм за поголемиот дел од овој регион.

Најтешко погодено е селото Помас

Најголема штета е забележана во селото Помас, населено со околу илјада жители, каде што торнадото оштети околу 300 куќи, а од некои целосно ги откорна покривите. На терен веднаш беа упатени повеќе од 120 припадници на службите за итна помош и спасување.

Петнаесет од повредените се пренесени во болница, а меѓу нив има и бремена жена врз која се урна del од куќата, потврди нејзиниот сопруг за агенцијата Франс-Прес.

Според националниот метеоролошки завод Météo-France, ударите на ветерот во блиското село Аркет-ан-Вал достигнале брзина од дури 117 километри на час. Поради силното невреме и град во департманот Од, организаторите беа принудени да ја откажат третата етапа од велосипедската трка Vuelta a España, откако сочусниците мораа да побараат засолниште.

Хаос во сообраќајот и прекини на струја

Олујата предизвика сериозни нарушувања во сообраќајната мрежа широм јужна Франција. Железничкиот сообраќај доцнеше, беа затворени бројни патишта, а доцнења и откажувања на летови беа забележани на аеродромите во Бордо, Марсеј, Ница, Тулуз, па дури и во Париз, потврди министерот за сообраќај Филип Табаро.

Покрај тоа, околу 2.800 домаќинства во десет села останаа без електрична енергија.

Во Франција годишно во просек се бележат неколку десетици торнада. Од Météo-France напоменуваат дека влијанието на глобалното затоплување врз нивната зачестеност и интензитет сè уште не е во цело целост разјаснето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk