logo
logo
logo

Златан:“Меси со хет-трикот го надмина Роналдо, мислам на Роналдо Назарио, не на тој другиот кој не е ни на листата!“

Vecer | 17.06.2026

Златан:“Меси со хет-трикот го надмина Роналдо, мислам на Роналдо Назарио, не на тој другиот кој не е ни на листата!“

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Се чини дека сега веќе нема дилеми за тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. По она што се случи утринава на мечот Аргентина – Алжир, сега се е јасно.

Лео Меси е фудбалски БОГ. Лео Меси е нај, нај, на сите времиња а со тое речиси се сложуваат сите оние кои го разбираат фудбалот.

Свој коментар за настапот на Лео на првиот меч на ова СП на светскиот првак, имаше и Златан Ибрахимовиќ:

Меси со хет-трикот го надмина Роналдо. Секако дека мислам на Роналдо Назарио а не на тој другииот, тој другиот не е ни на листата“ со ова Златан го “боцна“ Кристијано Роналдо за да потоа додаде:
„Луѓето се изненадени кога го гледаат Меси во солзи, но јас не сум. Тоа се случува кога фудбалот е дел од твојата душа. Некои играчи постигнуваат голови и слават пред камерите. Меси постигнува голови и ја чувствува тежината на целата нација на своите рамена. Тој освои сè што може да се освои, а сепак Светското првенство сè уште го допира на поинаков начин. Тоа е затоа што играњето за Аргентина не е работа за него, тоа е одговорност. Тие солзи не беа поради еден гол. Тие беа поради жртва, очекувања и години борба за тој грб, сфаќате зошто остана на врвот толку долго, но љубовта кон играта е она што ве држи таму. Тој момент ги потсети сите дека дури и легендите се само луѓе.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk