logo
logo
logo

Зи-Зу може да здивне: Мбапе се врати на тренинг

Vecer | 23.09.2026

Зи-Зу може да здивне: Мбапе се врати на тренинг

Килијан Мбапе денеска се врати на тренинзите на француската репрезентација, откако ден претходно ја пропушти сесијата поради симптоми слични на грип. Капитенот на Франција остана во базата на репрезентацијата во Клерфонтен за време на вторничкиот тренинг, но неговата состојба не требаше да го доведе во прашање настапот против Турција.

Враќањето на Мбапе на тренинг е добра вест за новиот селектор Зинедин Зидан, кој во петок ќе го има своето деби на клупата на „триколорите“. Франција во петок гостува кај Турција во Лигата на нациите, во рамките на првиот собир под водство на Зидан.

По овој натпревар, Французите ќе играат уште три средби – против Белгија двапати и против Италија еднаш.

Мбапе останува капитен на репрезентацијата и една од главните фигури во новата ера на францускиот национален тим под водство на Зидан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk