logo
logo
logo

Жорже Жезус: Нашето единство не се руши со ништо

Vecer | 02.10.2026

Жорже Жезус: Нашето единство не се руши со ништо

Португалскиот национален фудбалски тим и натаму е во центарот на вниманието на светската јавност. Заминувањето на Кристијано Роналдо од репрезентативниот кампус е тема број еден во светот, а и покрај тоа што тој повеќе не е дел од националниот тим, Португалија и натаму „гази“. Има три од три во овој репрезентативен прозорец, откако синоќа е совладана Данска со 4:2.

Селекторот Жорже Жезус, главната причина поради која што Роналдо не е повеќе присутен во репрезентацијата исто така е „жешка тема“.

На прашањето дали сè уште ја има поддршката од играчите по случајот со Роналдо, Жезус изјави дека случувањата надвор од теренот не влијаеле врз атмосферата во тимот.

„Да. Не постои ништо што би го спречило тимот да биде со мене. Го разбирам прашањето, но најважно е она што треба да го направиме. Работите што се случуваат не ја делат групата; не нè разделија и нема да нè разделат“, изјави Жезус за „Спорт ТВ“, а пренесе „Скај Спорт“.

Зборувајќи за евентуалното враќање на Роналдо, селекторот нагласи дека сака да се фокусира на натпреварот и на резултатот против Данска, наместо на настаните што му претходеа на мечот.

„Ова е голема победа, со четири постигнати гола и игра на врвно ниво. Тоа не може да се занемари и е поважно од сè што се случи. Тоа е она на што сакам да се фокусирам“, рече Жезус.

Португалија во недела ја очекува нов дуел со Норвешка, а тренерот истакна дека неговиот тим е фокусиран на продолжување на успешната серија.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk