Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето. Парагвај беше подобар по серијата пенали, а на најмладиот тренер на ова Светско првенство сериозно се тресе клупата, меѓутоа, не сака да поднесе оставка!
Нагелсман ја префрла вината за целосното фијаско на страната на Германскиот фудбалски сојуз, кого го означува како виновен за испаѓање!
Дополнително, ФС на Германија ќе мора да го “одврзе кесето“, бидејќи ако Нагелсман биде отпуштен, ќе мора да му исплати 14.000.000 евра поради клаузулата во договорот според која му го должат ова, ако селекцијата „помине во нокаут фазата“.
Ова е веќе трето Светско првенство по ред на кое Германија не постигна ниту една победа во елиминациската рунда, а тоа е веќе причина за сериозна загриженост.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата