Шпанец на клупата на Ц.Звезда, ама на Рафа Бенитез туку Алберт Риера. Ситуацијата околу изборот на нов тренер на Црвена Звезда е таа. Во текот на утрешниот ден или најдоцна во петок наутро, се очекува официјално да биде Алберт Ријера прогласен за шеф на стручниот штаб.
Според медиумите во Србија, преговорите, оние завршните навројатно ќе се одржат во четврток во Белград со Шпанецот и неговиот менаџер Енди Бара.
Риера ќе пристигне на „Маракана“ по заобиколен пат, требаше да стане тренер пред извесно време, имаше и разговори. Сепак, раководството одлучи прво да го задржи Милојевиќ до крајот на есенскиот дел од сезоната, а потоа да го врати Станковиќ во клубот. Доколку Црвена Звезда не го победеше Лил во Лигата на Европа во „групната фаза“, нема сомнение дека Риера ќе станеше тренер еден ден подоцна. Шпанецот потоа го продолжи договорот со Целје, но со договор дека ќе си оди доколку пристигне покана од една од најсилните лиги. Тој отиде во Ајнтрахт во февруари, каде што остана само три месеци и сега е невработен.
Негов следен клуб ќе биде Црвена Звезда и така ќе биде освен ако не се случи голем пресврт.