И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој е главен.
Па така информација од Островот дека Арсенал има план, и тоа пеколен план.
Ако се знае дека Виктор Осимен е “скапа играчка“, и тоа со цена од повеќе од 100 милиони евра, Арсенал има намера прво на Барса да и го продаде Виктор Ѓокереш, а да го донесе другиот Виктор, оној Нигериецот од Галатасарај.
Ливерпул по секоја цена сака да дојде до Бредли Баркола од ПСЖ, па така доставил понуда до европскиот првак вредна неверојатни 135 милиони евра. Овој трансфер е пред реализација.
Педро Нето од Челзи е пре заминување во Саудиска Арабија, а Алексис Мекалистер од Ливерпул би можел да се пресели во Манчестер Сити.