По завршување на финалето дел од Аргентинците се нафрлија врз Шпанците и почнаа да ги удираат, што секако наиден на осуда во фудбалскит свет. Сепак се чини дека еден репрезентатвец на довчерашниот светски првак направи потег за паметење, потег со кој го воодушеви целиот нормален свет.
Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието поради сцената со Доналд Трамп што ја обиколи светот.
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина заврши со големо разочарување за „гаучосите“, но еден момент по последниот свиреж привлече огромно внимание. Камерите го фатија потегот на Кристијан Ромеро за време на доделувањето на сребрените медали на Аргентинците. Дефанзивецот се приближи до подиумот, доби награда од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а потоа помина покрај американскиот претседател Доналд Трамп без традиционалното ракување, а овој остана шокиран. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а навивачите ширум светот почнаа да го коментираат потегот на аргентинскиот претставник.
Особено е значаен фактот дека Ромеро не ги игнорираше сите службени лица на сцената – се ракуваше со некои од нив, додека во случајот на Трамп само продолжи понатаму.
el cuti romero le negó el saludo a donald trump. pic.twitter.com/bAJhC7Eo3R
— make argentina gay again (@makearggayagain) July 19, 2026