logo
logo
logo

Тоти: Фудбалот стана бизнис, има се помалку талент и фантазија

Vecer | 18.10.2026

Тоти: Фудбалот стана бизнис, има се помалку талент и фантазија

фото: Gianmarco✍🏼 @GianmarcoDaria (X)

Легендата на Рома и поранешен италијански репрезентативец, Франческо Тоти, смета дека современиот фудбал значително се разликува од оној во кој тој ја градеше својата кариера. Според него, денешната игра е повеќе насочена кон бизнисот, физичката подготвеност и брзината, додека индивидуалниот талент и креативноста се помалку застапени.

„Во фудбалот што го познавав како навивач и играч имаше повеќе љубов кон клупскиот дрес, посветеност и чувство на припадност. Денес тоа е бизнис. Фудбалот стана помалку технички, а повеќе физички“, изјави Тоти.

Поранешниот капитен на Рома додава дека денес е тешко да се најде фудбалер кој воодушевува со своите технички квалитети. Според него, играчите располагаат со сила, брзина и моќ, но има помалку талент и креативност во споредба со претходните генерации.

Тоти целата своја професионална кариера ја мина во Рома, за која настапуваше 25 години. Токму неговата лојалност кон клубот од родниот град е еден од примерите за посветеноста и поврзаноста со клупскиот дрес.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk