Ете, и тоа се случи. Конечно Тотенхем сезонава победи и тоа со 3:1 и тоа против Ковентри, вечерва пред своите фанови во меч од 7.коло во Премиерлигата. Којзнае, можеби среча донесе “Македонецот“ Дејан Кулушевски кој по цели 526 дена заигра во дресот на својот Тотенхем.
Шведскиот репрезентативец, инаку по потекло од Охрид а играше и за младинските репрезентации на Македонија, се врати во вистински момент откако во мај 2025 година се здоби со тешка повреда па врз него беа изршени две операции. И конечно вечерва заврши агонијата за Кулушевски кој до пред повредата важеше за еден од клучните играчи на тимот од северен Лондон. Кулушевски влезе во игра во 87.минута на местото на Кудуз.
Инаку головите беа дело на Медисон во 14.минута за 1:0. Гостите предводени од Френк Лампард, израмнија преку Рудони во 49.минута.
Сепак со головите на Мармуш и Дејвис, четата на Роберто Де Зерби славеа со 3:1 за првата сезонска победа.