Суперталентот кој ќе стане најмладиот германски репрезентативец во последните 116 години

Vecer | 07.11.2026

Суперталентот кој ќе стане најмладиот германски репрезентативец во последните 116 години
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

фото: Bayern & Germany @iMiaSanMia (X)

Селекцијата на Германија наскоро би можела да испише историја. Станува збор за 17-годишниот Ваел Мохја, суперталентираниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, кој доби повик од новиот селектор Јирген Клоп за репрезентативните натпревари против Србија и Холандија во Лигата на нациите.

Доколку Мохја добие шанса за настап, може да стане најмладиот германски репрезентативец во последните 116 години и најмладиот дебитант во повоената историја на германската селекција.

Мохја е роден на 31 декември 2008 година во Метман, во близина на Дизелдорф, а во Борусија Менхенгладбах пристигнал уште на осумгодишна возраст. Во 2025 година стана германски шампион со младинскиот тим до 17 години, а потоа го имаше и своето деби во Бундеслигата. На возраст од 16 години и 347 дена стана најмладиот фудбалер во историјата на Менхенгладбах кој настапил во германската елита, соборувајќи го претходниот рекорд на Марко Марин. Уште поголемо внимание привлече кога го постигна својот прв бундеслигашки гол против Баерн Минхен. Досега има 23 настапи во Бундеслигата и четири постигнати голови.

„Не постојат многу 17-годишни фудбалери кои моментално играат во Бундеслигата. Тоа само по себе е извонредно, но тој навистина игра добро“, изјави Клоп по одлуката да го повика младиот фудбалер.

Доколку дебитира против Србија на 13 ноември во Белград, Мохја ќе има 17 години и 317 дена. Со тоа би го надминал Јусуфа Мукоко, кој дебитираше за Германија на 17 години и 361 ден, но и би станал најмладиот германски репрезентативец по Втората светска војна. Пред него на вечната листа остануваат само Вили Баумгертнер, кој дебитирал во 1908 година на 17 години и 104 дена, и Мариус Хилер, кој настапил во 1910 година на 17 години и 241 ден.

Мохја е германски репрезентативец со мароканско потекло, а неговиот договор со Менхенгладбах е со важност до 2028 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk