Искусниот 32. годишен англиски репрезентативец, Џон Стоунс доаѓа во Италија и станува член на тимот на Интер. Тој навистина е на пат за Милано, каде што денеска ќе ги одработи медицинските прегледи и ќе потпише за Интер.
Стоперот си замина од Манчестер Сити, и се сложи на двегодишна соработка со тимот на Џузепе Меаца.
Иднината на Стоунс беше неизвесна откако го напушти Сити, и имаше доста опции. Ја одбра онаа со која дефинитивно и натаму ќе биде на самиот врв на европскиот фудбал. Интер во моментов е најдоброто во Италија.
Што се однесува пак до самиот договор, според Скај Италија истиот е со двегодишно траење, а Стоунс ќе има неделна плата од 70.000 евра.