Дејан Станковиќ, прославениот српски фудбалер, а сега стратег, е без работа откако го напушти кормилото на Црвена Звезда летово.
За него кобен беше неуспехот во Европа, па сега Станковиќ е во потрага по нов ангажман. Според последните информации кои што доаѓаат од Србија, а се преземени од Египет, тој е многу блиску до преземање на клупата на легендарниот египетски првак Ал Ахли.
Ова е клуб кој што 45 пати бил шампион на оваа земја, и во Африка е сериозен фудбалски авторитет.
Тоа значи дека Станковиќ е сериозно ценет штом е во најтесен круг за преземање на клупата на тимот. Ал Ахли е без тренер откако Хусеун Амут е отпуштен во пред два дена по последниот пораз во домашниот шампионат.