Гвардиола ја одбил селекторската функција: Ми беше непријатно да кажам не…

Vecer | 25.11.2026

Гвардиола ја одбил селекторската функција: Ми беше непријатно да кажам не…
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО: Manchester City/FB
Пеп Гвардиола потврди дека ја одбил понудата да ја преземе фудбалската репрезентација на Италија. Поранешниот тренер на Манчестер Сити откри дека повикот сериозно го привлекол, но по заминувањето од англискиот клуб почувствувал дека му е потребен одмор.

„Првпат зборувам за ова, но да, разговарав со нив. Речиси ми беше непријатно да ја одбијам Италија“, изјави Гвардиола за ESPN во разговор за „Ромарио ТВ“.

Шпанскиот стратег додаде дека водењето на „аѕурите“ би било една од најголемите почести во неговата тренерска кариера.

Не сакал да се врати на тренерската работа

Гвардиола откри дека во име на Италијанската фудбалска федерација со него контактирале поранешните фудбалери на Милан, Паоло Малдини и Леонардо. Сепак, и покрај нивниот повик, решил да не ја прифати понудата.

„Сфатив дека ми е потребна пауза“, објасни Гвардиола.

Тој посочил дека по 18 години тренерска работа, исполнети со постојан ритам на натпревари на секои неколку дена, сакал да се посвети на себе и да направи пауза од фудбалот.

По десет години минати на клупата на Манчестер Сити, Гвардиола моментално е без ангажман. Шпанските и италијанските медиуми во изминатиот период го поврзуваа со неколку клубови од Саудиска Арабија, но и со селекторската позиција во тамошната репрезентација. Детали за евентуалните понуди не беа објавени.

Ова не е единствената селекторска понуда што ја одбил по заминувањето од Манчестер Сити. Претходно се споменуваше и како можен наследник на Маурисио Покетино на клупата на репрезентацијата на САД, откако аргентинскиот стратег замина во Манчестер Јунајтед и наводно токму Гвардиола го препорачал како негов наследник.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk