Аргентина не успеа да ја одбрани титулата, ама реално и не заслужија. По разочарувачката, за многумина срамна игра, Аргентинците беа принудени да им ја предадат светската титула на Шпанците.
И иако самите се свесни дека не заслужија повеќе од почесен пораз, поразот тешко им падна. Знаејќи колку е емотивен, тренерот на довчерашниот светски шампион, Лионел Скалони, веројатно повеќе од другите, што не го криеше ниту по завршувањето на натпреварот. „Чувствуваме тага, но знаеме дека оставивме сè на теренот. Вечна благодарност до овие момци кои стигнаа до уште едно финале на Светското првенство. Се бореа до самиот крај. Одлични сме во победата, а мора да бидеме одлични и во поразот“, рече Скалони.
„Благодарам на луѓето, благодарам на играчите. Благодарам на земјата – дадовме сѐ од себе. Стигнавме до тука трошејќи ги последните атоми од силата, тоа е реалноста. Но, ако оставите сè на теренот како што направивме денес, тоа е одличен пример за нашата земја. Губите и мора повторно да станете. Нема друг начин.“ На прашањето дали некој во иднина ќе се сети кој беше втор на Светското првенство во Северна Америка, Скалони рече:
„Да, јас се сеќавам кој заврши втор. Толку е тешко да се стигне до тука. Секако дека би сакале да победиме. Благодарност и тага, секако. Но, кога сè ќе оставите на теренот, многу е тешко да се жалите за нешто.“