logo
logo
logo

Сити ја најде замената за Родри, и тоа во Барселона?! (ФОТО)

Vecer | 22.08.2026

Сити ја најде замената за Родри, и тоа во Барселона?! (ФОТО)

фото: Manchester City (X)

Заминувањето на освојувачот на “Златната топка“ е огромен удар за тимот на Манчестер Сити, кој со години ја градеше својата доминација токму преку неговата игра на средината од теренот. Родри одигра 298 натпревари за Сити и освои дури 14 големи трофеи, вклучувајќи четири титули во англиското првенство и Лигата на шампионите.

Сепак, на „Етихад“ очигледно не сакаат долго да тагуваат по една од своите најголеми ѕвезди. Манчестер Сити веќе работи на реконструкција на средниот ред, а меѓу имињата поврзани со англискиот гигант има и едно исклучително познато лице од Барселона.

Имено, шпанските медиуми тврдат дека Сити е заинтересиран за Френки де Јонг, кого го гледаат како потенцијална спектакуларна замена за Родри. Според информациите објавени од „Ел Насионал“, англискиот клуб ја разгледува можноста за преселба на холандскиот играч од средниот ред по неговото враќање на теренот. Планот наводно е Сити прво да ја процени ситуацијата во текот на остатокот од летниот преоден рок. Доколку не успее да доведе друг играч од средниот ред пред неговото затворање, можноста за напад на Де Јонг би можела да стане многу посериозна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk