Што значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)

Vecer | 16.04.2026

Што значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:Como 1907/FB

Што навистина зналчи ова? Аргентинскиот офанзивец, Нико Паз, кој сега игра во Комо, го привлече вниманието на навивачите со своите постапки на социјалните мрежи насочени кон младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал. Напнатоста меѓу двајцата веќе се чувствува на интернет.
Корисниците на интернет не пропуштија да забележат дека елиминацијата на ФК Барселона од Лигата на шампионите предизвика сериозна радост кај Аргентинецот. На Инстаграм платформата, Нико Паз лајкна серија објави од профили кои го поддржуваат Реал Мадрид. Предметните објави отворено го исмеваат Ламине Јамал по разочарувачката елиминација на Каталонците од најпрестижниот европски клупски турнир. Сè укажува дека Нико Паз повторно ќе го облече белиот дрес на Реал Мадрид ова лето. Се очекува раководството на „кралевите“ да ја активира својата опција за купување на играчот. Акциите на Паз на социјалните мрежи додаваат дополнително “вриење“ на вечното ривалство меѓу Реал Мадрид и Барселона. Со сигурност може да се каже дека можните средби меѓу Нико Паз и Ламине Јамал на теренот во текот на следната сезона ќе бидат исклучително интересни за гледање.

🚨📲 𝗡𝗘𝗪: Nico Paz liking every post in which Lamine Yamal is getting memed. pic.twitter.com/bVL7x3sMOH

— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 15, 2026


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk