Уф, каков би бил тоа потпис? Австрискиот дефанзивец Давид Алаба би можел да ја продолжи кариерата во Барселона, а неговото доаѓање во Каталонија би предизвикало вистински фудбалски земјотрес во Шпанија.
Алаба беше член на Реал Мадрид до пред неколку месеци, а во „кралскиот клуб“ не покажа што се очекуваше од него.
Повредите го следеа од самиот момент кога пристигна во Мадрид, а од можни 257 натпревари за Реал, одигра 130. Но, иако во Мадрид со нетрпение го очекуваа денот кога ќе се разделат со Алаба, неговото доаѓање во Барселона би било вистинско предавство за навивачите на “Кралеците“.
Новинарот Екрем Конур пишува за неговото доаѓање во Барселона, кој важи за човек кој добро го познава трансфер пазарот. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, добро го познава 34-годишникот од времето во Баерн, а каталонскиот клуб исто така високо ја цени разноврсноста на Алаба, кој може да игра како стопер или на левото крило.
Алаба е слободен агент, што секако го остава со многу отворени опции, а Рома и Лацио се меѓу оние кои наводно се заинтересирани за неговите услуги.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата