logo
logo
logo

Шоу на Меси и Суарез со по два гола (ВИДЕО)

Vecer | 11.10.2026

Шоу на Меси и Суарез со по два гола (ВИДЕО)

Интер Мајами оствари убедлива победа од 4:0 против Ди Си Јунајтед на домашен терен, во натпревар од американската МЛС-лига. Домаќините целосно ги контролираа случувањата на теренот, а головите за победата ги постигнаа Луис Суарез (3’, 39’) и Лионел Меси (47’, 60’). На тој начин, „розовите“ ја прекинаа негативната серија од пет последователни натпревари без победа во првенството.

Натпреварот започна со рана иницијатива на домаќините, кои поведоа уште во третата минута. Херман Бертераме испрати прецизен центаршут од левата страна, а Луис Суарез ја зафати топката и неодбранливо ја смести во горниот лев агол од голот за 1:0.

Предноста на домаќините беше удвоена во 39. минута. Лионел Меси упати силен удар, кој го одбрани противничкиот голман, но топката стигна до Херман Бертераме. Тој со глава ја спушти до Луис Суарез, кој од непосредна близина го постигна својот втор гол на натпреварот за водство од 2:0.

Само две минути по почетокот на второто полувреме, Интер Мајами повторно го погоди противникот. Луис Суарез успеа да ја смири тешката топка во шеснаесетникот и да му ја додаде на Лионел Меси, кој ја насочи во мрежата за 3:0.

Конечниот резултат беше поставен во 60. минута. Лео Меси доби топка пред шеснаесетникот, елегантно се ослободи од противничкиот дефанзивец и со прецизен удар го постигна својот втор гол на средбата за конечни 4:0.

По оваа победа, Интер Мајами има 49 бодови и се наоѓа на второто место на табелата во Источната конференција. Ди Си Јунајтед, пак, е на 12. позиција со 30 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk