Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) е блиску до одлука за поместување на терминот на осминафиналниот натпревар помеѓу Англија и Мексико.
Немаше поголеми проблеми во организацијата на натпреварите од Светското првенство, освен средбата помеѓу Франција и Иран на почетокот од групната фаза, но сега ФИФА би можела да се соочи со повеќе од нив.
Моментално постои неизвесност околу новиот натпревар на Франција, овој пат со Парагвајците, а сега од Би-Би-Си се појави информација дека ФИФА размислува целосно да го промени терминот на натпреварот Англија-Мексико.
Причината е и лошото време, имено грмотевиците и силниот дожд што се заканува да го погоди Мексико Сити, каде што се одржува натпреварот.
Главното решение е натпреварот да се игра шест часа порано, односно во недела во 20:00 часот по наше време наместо во 02 часот во понеделник, односно точно напладне по локално време.
Одлуката сè уште не е официјална, но е извесна.