logo
logo
logo

Само во Калчото: Ковчегот со телото на славниот капитен, на стадион!(ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 21.06.2026

Само во Калчото: Ковчегот со телото на славниот капитен, на стадион!(ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот центарфор Игор Проти почина завчера на 59-годишна возраст од рак на дебелото црево, а телото на долгогодишниот капитен на Ливорно беше донесено на стадионот „Армандо Пичи“ во тој град. Проти беше испратен од 7.000 „тифози“ на тимот од италијанската трета лига, а навивачите на Ливорно пееја во чест на единствениот човек кој беше најдобар стрелец во Серија А, Серија Б и Серија Ц. Имаше и транспаренти со неговиот лик.

Да, ова не е вообичаена практика, но јасно е колку Проти им значеше на навивачите и жителите на Ливорно со овој гест. За оние кои го следат Калчото, Игор Проти е не само добро познат, туку и еден од нивните омилени фудбалери. Тој играше во својата кариера за Римини, Виерсит, Месина, Лацио, Наполи, Реџана, но најдлабок белег остави во Бари и Ливорно.

Проти играше за Бари од 1992 до 1996 година и постигна 46 гола на 112 натпревари. Во последната сезона беше најдобар стрелец во Серија А со 24 гола и таа сезона му овозможи трансфер во Лацио. Играше во Рим две сезони и таму го освои единствениот трофеј во својата кариера, Суперкупот на Италија во 1998 година.

Најдолго време беше во Ливорно. Во првите два мандати од 1985 до 1988 година, одигра 75 натпревари и постигна 12 гола, а во вториот од 1999 до 2005 година, одигра 192 натпревари и постигна 108 гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk