logo
logo
logo

Роналдо: Знам дека во Даблин ќе ме исвиркува цел стадион, но ако, тоа ми се допаѓа

Vecer | 12.11.2025

Роналдо: Знам дека во Даблин ќе ме исвиркува цел стадион, но ако, тоа ми се допаѓа

фото: Cristiano Ronaldo (X)

Португалија е многу блиску до обезбедување билет за Светското првенство следната година. На два натпревари до крајот на квалификациите, Кристијано Роналдо и неговата репрезентација водат со пет бода предност пред најблискиот ривал, Унгарија.

Билетот за Светското првенство може да се обезбеди против Ирска на гостински терен веќе утре. Најдобриот фудбалер на Португалците, Кристијано Роналдо изјави дека добро знае што го очекува на теренот во Даблин.

„Знам дека цел стадионот ќе ме исвиркува. Навикнат сум на тоа, и всушност се надевам дека ќе го сторат тоа. Можеби тоа ќе го намали притисокот врз некои од другите наши играчи. Најмногу сакам да уживам во тоа. Не е одлучувачки натпревар, но знаеме дека со победа ќе се квалификуваме. Сакаме да го завршиме тоа сега“, вели Роналдо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk