Мурињо: Не ми ја чепкајте платата!

Vecer | 23.11.2026

Мурињо: Не ми ја чепкајте платата!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: ФК Реал Мадрид/Фејсбук
Жозе Мурињо одржа прес-конференција пред натпреварот против ПСВ Ајндховен, кој во вторник од 21:00 часот ќе се одигра во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите.

Португалскиот стратег зборуваше за следниот противник, густиот распоред, физичкиот напор на фудбалерите и многу други теми, а во центарот на вниманието се најде и неговиот коментар за изјавата на Луис Енрике, кој призна дека би бил подготвен да прифати помала плата само за да ги избегне обврските кон медиумите.

Мурињо, сепак, нема намера да направи таков компромис.

„Јас не би го прифатил тоа. Нека останат истите прес-конференции и истата плата. Не ми ја чепкајте платата!“, се пошегува Португалецот.

Мурињо смета дека ПСВ поседува многу поголем квалитет отколку што тоа го покажуваат резултатите во досегашниот дел од сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk