Никако да престанат маките на репрезентативците на Тунис кои имаа ужасен резултатски гледано Мундијал.
Да биде ситуацијата уште полоша, Дејли Меил објавува дека осуммина играчи се позитивни на антигопинг тестовите направени на Мундијалот.
Поточно, имале позитивни резултати од тестот за кленбутерол, лек кој ги опушта дишните патишта и се наоѓа на листата на забранети лекови на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Сепак, во образложението се додава дека репрезентативците на Тунис најверојатно ја внеле недозволената супстанца преку храна, односно конзумирање на месо во базата во Мексико, а не со намера да ги подобрат своите физички способности.
Кленбутеролот е познат по тоа што го користат бодибилдерите за намалување на мастите, а воедно и зачувување на чистата мускулна маса. Во некои земји, вклучувајќи го и Мексико, супстанцијата се користи како стимуланс за раст кај фармските животни, особено за гоење на добиток.