Досегашниот играч на тимот на Ред Бул Лајпциг, Јан Диоманде е на пат за Мадрид, каде што ќе го комплетира траснерот од соништата во тимот на Реал.
На стартот на викендов се појави информацијата дека „Кралевите“ планираат да го доведат како уште едно засилување летово, а веќе денеска речиси се е готово околу преселбата на Диоманде во Шпанија.
Тој веќе ги договорил личните услови, како и трансфер цената која што од Мадрид ќе биде платена во Лајпциг. Истата достигна сума од преку 100 милиони евра, што и не е за изненадување.
Од друга страна во Мадрид летово веќе пристигнаа Ибрахима Конате, Дензел Дамфриз, Марк Кукуреља, и Бербардо Силва. Ако на ова се додаде и Диоманде слободно може да се каже дека во Реал се создава нов супер тим.
Конечно, Диоманде е ипцијата за Реал, откако стана јасно дека Мајкл Олисе во моментов е недостапен за купување.