logo
logo
logo

Промоција: Да се расплачеш – еве зошто Саибари го одбрал бр.34 во Баерн Минхен! (ФОТО)

Vecer | 01.07.2026

Промоција: Да се расплачеш – еве зошто Саибари го одбрал бр.34 во Баерн Минхен! (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en/

Иако Светското првенство е во тек, Баерн Минхен заврши со доведувањето на големо засилување. Имено, Баерн денес го претстави Исмаел Саибари, кој доаѓа од ПСВ, како нов играч.
Напаѓачот моментално игра со Мароко на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
По завршувањето на Светското првенство, тој нема да се врати во холандскиот шампион, туку ќе патува во Минхен.
Тој потпиша договор со Баерн до летото 2031 година, а ќе го носи дресот со број 34. Зад тој број има посебна приказна, или поточно причината зошто Саибари го избра него.
Број кој е блиску до срцето на Мароканецот и има посебно значење за него.
Станува збор за неговиот пријател Абделхак Нури кој се струполи на теренот на пријателскиот натпревар помеѓу Ајакс и Вердер во 2017 година.

Тој преживеа, но оттогаш не можеше да се движи без помош. Го поддржувам носејќи го бројот 34, бидејќи тоа беше неговиот последен број.“
Така, Саибари уште еднаш покажа дека е навистина голем човек.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk