И натаму, англиската јавност ја тресе скандалот со Манчестер Сити и пресудата со која што овој клуб се прогласува за виновен по 99% од точките на обвинението за кршење на финансискиот фер плеј.
Процесот помеѓу Сити и ФА трае со години, а во истиот клуб е обвинет, а сега и прогласен за виновен дека вештачки ги зголемил своите добивки за 900 милиони фунти.
Овој процес речиси села деценија се провлекува по институциите во Англија, а за тоа цело време двете страни беа претставувани од врзни правни епскерти односно адвокати.
Манечстер Сити го застапуваше на пример адвокатот на поранешниот премиер на Англија, Борис Џонсон, додека ФА пак од друга страна ја бранеше веројатно најдобриот правен стручњак во фудбалот, и човекот кој што ја застапува и самата УЕФА, Адан Смит.
Хонорарите на двајцата гореспоменати воопшто не се мали, па ФА на пример Смит ја чинел околу 70 милиони фунти годиниве, но има момент во сето ова кој што е многу интересен. Според правилата и прописите, странката која што го добила спорот може да бара и да добие до 70% обештетување односно плаќање на судските трошоци од страна на странката која што го загубила спорот.
Па така, доколку спорот се оконча во полза на ФА, а истиот е на самиот крај и многу е веројатен таков развој на настаните, тогаш Манчестер Сити ќе мора да обештети околу 50 милиони фунти на име на судски трошоци на спритивставената страна.