Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, сè уште се надева дека ќе може да настапи на вечерашното Ел Класико против Барселона, и покрај тоа што клубот официјално соопшти дека тој ќе го пропушти натпреварот поради грип.
Според информациите на „Атлетик“, белгискиот голман се чувствува подобро и се надева дека ќе успее да им се приклучи на соиграчите пред големото дерби на „Камп Ноу“. Сепак, неговиот настап останува неизвесен, а засега нема официјална потврда дека одлуката на Реал е променета.
Доколку Куртоа не биде подготвен за настап, се очекува меѓу стативите да застане Украинецот Андриј Лунин, кој треба да го замени првиот голман на „кралевите“.