Ова е вистинскиот Кристијано Роналдо, ова е вистинската Португалија. Вечерва во меч од 2.коло во групата К, големиот фаворит успеа со 5:0 да го победи Узбекистан на Фабио Канаваро, иако според шансите што ги имаа Португалците, оваа победа требаше да биде изразена со уште поубедлив резултат.
И конечно на сцена го видовме големиот Кристијано Роналдо кој постигна два гола, во 6. и 39.минута. Голови постигнаа и Мендеш во 17.минута,а Нематов во 60.минута си постигна автогол. За крај Рафа Леао стрелаше во 87.минута.
Сега Португалија има 4 бода и веројатно со бод против Колумбија, а може и без него, ќе оствари пласман во нокаут – фазата.
Кога сме кај Роналдо да кажеме и тоа дека вечерва во Хјустон испиша историја. Тој е првиот фудбалер во историјата кој постигнал барем по еден гол на шест светски првенства и тоа во 2006 (Германија), 2010 (Ј.Африка), 2014 (Бразил), 2018 (Русија), 2022 (Катар) и 2026 (САД, Канада и Мексико).
Ова ни Меси не го може.
Секоја чест за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.