Португалија го гази Узбекистан: Кристијано Роналдо “БОМБАРДИРА“!(ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2026

Португалија го гази Узбекистан: Кристијано Роналдо “БОМБАРДИРА“!(ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Ете, кој рече дека Кристијано Роналдо треба да седне на клупата? Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, конечно покажа само мал дел од она што го знае. Имено по првиот дел на мечот Португалија – Узбекистан, беше стрелец на два гола за својата селекција, во 6. и 39.минута. Малку недостигаше да го запише и третиот.Португалија има убедливо водство од 3:0, стрелец беше и Мендеш, во 17.минута.

Треба да се каже дека селекцијата на Узбекистан преку Ганиев постигна фантастичен гол, но по реакцијата на ВАР истиот беше поништен.

Ова е меч од 2.коло во групата К. Јасно е дека ако сака Португалија пласман во нокаут – фазата мора да победи на овој меч кој се игра во Хјустон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk