Полувреме во Салцбург: Кварадона ја “стресе“ Вила, а 17-годишниот Маџо донесе резултатски егал!(ВИДЕО)

Vecer | 12.08.2026

Полувреме во Салцбург: Кварадона ја “стресе“ Вила, а 17-годишниот Маџо донесе резултатски егал!(ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/PSG/

ПСЖ – Астон Вила 1:1 е резултатот по првото полувреме од вечерашниот дуел во УЕФА Суперкупот, кој се игра во Салцбург. Кој, ако не, Квича Кварацкелија или Кварадона беше стрелец за европскиот шампион против победникот во Лигата на Европа од минатата сезона, и тоа во 20.минута. Убав гол во стилот на Грузиецот.

Во првото полувреме ПСЖ имаше свои шанси за уште некој гол, додека на другата страна англискиот тим успеа да дојде до три шанси и тоа преку Маџо. Посебно опасно за голот на Сафонов беше таа во 42.минута. Инаку Маџо со 17 години е најмладиот фудбалер во историјата на овие мечеви во УЕФА Суперкупот. И конечно во 45.минута Маџо успеа во својата четврта шанса да дојде до гол, до израмнување.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk